ОДБЕРЕТЕ ПАКЕТ НА ПОКРИТИЈА |
|
|
|
ПОЧЕТОК - КРАЈ НА ОСИГУРУВАЊЕ |
|
- Осигурувањето се склучува за определен број на денови.
- Осигурувањето може да се склучи за период од најмногу 365 дена.
- За лица со наполнети 70 години, траењето може да биде најмногу до 21 ден, само за патувања склучени преку туристички агенции.
|
|
|
|
|
|
ФРАНШИЗА |
|
Доколку осигурувањето е склучено со франшиза, осигуреникот учествува во секој штетен настан во висина од договорената франшиза. |
За договарање на учество во штета (франшиза) се пресметува попуст од: 5% за учество од 50 € во секоја штета, 10% за учество од 150€, односно 15% за учество од250€ во секоја штета. |
|
|
|
|
| | | | | | | |
|
|
|
|
Откажување на патувањето |
|
Отказ на патување |
(1) Со осигурувањето на отказ на патување покриени се трошоците што настануваат за осигуреникот поради откажување на договорот за патување што осигуреникот го склучил со туристичка агенција и го платил во целост, доколку до откажувањето дошло поради некој од следните настани што му се случиле на осигуреникот или на некое блиско лице: |
1. смрт |
2. ненадејна акутна болест или тешка телесна повреда, за која е потребно итно болничко лекување |
3. голема штета на имотот предизвикана од пожар, елементарна непогода или намерно кривично дело на трето лице |
Блиско лице во смисла на овие услови се брачниот другар на осигуреникот, децата, родителите, браќа и сестри, a бабите и дедовците на осигуреникот или на неговиот брачен другар само во случај на смрт (точка 1). |
(2) Осигурувачот ги надоместува трошоците во висина на износот што туристичката агенција не го вратила на осигуреникот според одредбите за отказ на патување од Општите услови на патување, но најмногу до 12.000,00 денари. |
(3) Патничко осигурување кое содржи покритие за отказ на патување може да се склучи само истовремено со договорот за патување со туристичката агенција. |
|
|
Ски пакет |
|
Покритието важи за сите зимски спортови (ако осигуреникот се занимава со истите исклучиво аматерски), како: хокеј, санкање, боб санкање, скијање во слободен стил, ски-тркање, ски-скокање, скиборд, итн. |
Ризици опфатени со осигурувањето: |
- Изнајмување на ски опрема во случај на доцнење, губење или кражба на ски опрема, до 200 евра.
- Неискористени ски часови поради болест или повреда, до 150 евра.
- Екстра трошоци за транспорт и ски карти за жичара поради затворање на терени, до 50 евра.
- Екстра трошоци за транспорт и сместување поради лавина или слегнување на земјиште до 70 евра.
|
|
Спортски ризик |
|
Дополнително осигурување од спортска незгода за спортисти при учество во подготовки, тренинзи и спортски натпревари,со исклучок на екстремни спортови. |
|
враќање поради covid-19 |
|
Дополнително осигурување на непланирано враќање во случај на Ковид 19 |
(1) Осигурувачот ќе ги надомести сите трошоци за непланирано враќање на осигуреникот во Република Северна Македонија,како и на член на потесното семејство што патувал заедно со осигуреникот, кои се директна последица на итното лекување на осигуреникот (член 17) од Ковид-19, и тоа: |
- трошоците за превоз (гориво за автомобил, воз втора класа, авион туристичка класа) во висина на сметките за гориво односно на цената на билетот |
- трошоците за враќање на возилото на осигуреникот, доколку поради здравствени или административни причини не може да се врати со возилото со кое заминал на пат. |
(2) Трошоците за враќање нема да бидат покриени без претходно одобрение од осигурувачот |
|
|
|
ОСИГУРЕНИ ЛИЦА |
|
(1) Осигуреник може да биде секое лице кое патува во странство |
(2) Осигуреник, може да биде и лице кое има постојано престојувалиште во странство |
(3) Осигуреници-семејство - се сметаат родители и деца до дваесет и една годишна возраст кои патуваат заедно. |
|
|
|
|
|
| | | |
|
|
|